Со добра превентива и висока свест за усното здравје можете да ги сочувате Вашите заби и непца здрави. Бенефитот од навремената превентива можете да го чувствувате целиот живот, како во здравствена, така и во финансиска смисла.
Денес постојат многу естетски решенија за Вашите заби кои се едноставни и трајни. Конзервативното естетско решение со современи нанокомпозити од реномирани брендови (Ivoclar, GC, Ultradent, Coltene...) може да ја одложи протетската реконструкција, а воедно и да понуди решение на Вашиот проблем.
Не лекуваниот кариес често стасува до нервот на забот и со тоа предизвикува негови заболувања. Во зависност од дијагнозата следи лекување на забот. Бидејќи, лекувањето на забите во стоматологијата може да се спореди со операција на срце во хирургијата, тоа мора да биде сработено во апсолутно сува средина по претходна изолација со кофердам. Коренските канали се обработуваат машински сo ендомотор по Protaper метод, потоа се иригираат и ултразвучно се чистат и на крајот херметички се затвораат. За ендодонцијата да биде успешно изведена и предвидлива се работи со апекслокатор и под рентгенски мониторинг. На ваков начин е возможно да се обработат и заби кои имаат криви корени во целата нивна должина. Со добро изведена ендодонција се избегнува екстракција на проблематичните заби кои имаат периапикални процеси и понатамошна протетска или имплантолошка терапија.
Навремено дијагностицирање на неправилностите во растот и развојот на забите, забните лакови и целиот усно-лицев масив е прв услов за успех во ортодонтската терапија. Раната дијагностика нуди можност за примена на широк спектар на ортодонтски техники како изборни решенија во корекцијата на овие аномалии.
Современиот начин на живот проследен со многу стрес резултира со чести главоболки. Бруксизмот, односно чкртањето со забите, е речиси редовна состојба кај современиот човек. Изворот на овие главоболки не ретко е во темпоромандибуларниот зглоб, поради негова преоптеретеност и преоптеретеност на џвакалната мускулатура. Навремената дијагностика и терапија може да ја отстрани болката и да ги спречи промените што настануваат во зглобот.
Меките и тврдите ткива околу забите (пародонталниот лигамент, алвеоларната коска, непцата и епителните прираснувања) се темел што ги држи забите всадени во коската. Здравјето на непцата е нужно за здравје во устата. Со правилна едукација на пациентот и редовни пародонтални третмани тоа може да се постигне.
Протетиката овозможува реконструкција на сé што Ви недостасува во устата. Со врвна и прецизна протетска реконструкција можете да си овозможите квалитетен живот.
Фиксна протетика:
Мобилна протетика:
Современите методи и материјали што ги користиме овозможуваат високо естетски решенија за Вашите проблеми во устата. Естетските корекции секогаш се работат минимум инвазивно, а тоа значи со што помалку состругување на забите да се постигнат посакуваните резултати. Наша цел е никој да не може да препознае дека имате протетска реконструкција во устата и сѐ да изгледа природно.
Хируршките интервенции понекогаш се неизбежни и со нивна помош можеме да го продолжиме животниот век на “проблематичните“ заби, да создадеме услови за подобра протетска реконструкција во смисла на црвено-белата естетика. Хирургијата ни е на располагање и секогаш кога постои проблем кој поинаку не е решлив.
Создавањето на навиките започнува од најраната возраст. Вашето дете треба да се запознае со стоматолошката ординација и со стоматологот најдоцна до втората година од животот. Не чекајте тоа да доживее болка за да посетите стоматолог. За полесен пристап и соработка со децата, како и за едукација за одржување на правилна усна хигиена ја создадовме работилницата „Повеќе насмевки“. Со наша помош заедно со Вас можеме да создадеме идни генерации со здрави заби и подобро здравје во секаква смисла.